Free songs
Home / аларм / Педијатрите предупредуваат: На децата до една година не им давајте сок

Педијатрите предупредуваат: На децата до една година не им давајте сок

Освен внесувањето на додатни калории и се почести дентални проблеми, кај раното внесување на овошни сокови најголем проблем е што децата се навикнуваат на постојан извор на шеќери.

На децата до првиот роденден не треба да им нудите овошни сокови, објави Американската академија на педијатри. Иако порано ги советуваа родителите дека овошните сокови, посебно свежитеи цедените можат да им ги нудат на децата од шестиот месец, сега таа граница ја поместија на една година, пишува Си-Ен-Ен.

Проблем кој ги навел на ревидирање на овие препораки е што децата и тинејџерите се најголеми потрошувачи на овошни сокови во Америка.

-Најголемиот проблем настанува кога родителите ќе стават во шишенцето сок и го даваат на детето, па тоа го пие цел ден. Тоа не е добро поради внесувањето на калории, но и поради забирте. Децата на ваков начин се навикнуваат на постојано внесување на шеќери, поради што одбиваат да пијат вода, стои во нивното соопштение.

Академијата на педијатри и понатаму препорачува сок, но од првата година и во ограничени количини. Советуваат на децата од првиот до третиот роденден да им се дава само еден децилитар сок на ден, а од четвртата до шестата година од децилитар до два.

Покрај тоа истакнуваат дека на малите деца подобро да им се дава сок во чаша, наместо во шишенце, затоа што така се спречува лесното и долготрајно пиење. Децата од седум до 18 години би требало да се ограничат на внесување на 2,3 децилитри овошен сок на ден.

Предупредуваат на малите деца да не им се даваат непастеризирани овошни производи, ниту сок од грозје на децата кои земаат ибупрофен, флубипрофен, варфарин, фенитоин, флувастатин и амитриптилин, затоа што влијаат на нивната успешност

Истакнуваат и дека овошните сокови не се добри за лечење на дехидрацијата или дијареата.

-Ние примарно ги поттикнуваме децата да јадат овошје, а не сок. Тоа денеска е посебно важно да знаат децата, истакнуваат педијатрите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top