Home / сведоштва / Овој човек победи 70 тумори!

Овој човек победи 70 тумори!

Четириесет и седум годишиот Илјан Бруксод Велика Британијае вистинско чудо. Тој ги оставил сите без зборови кога остварил неверојатно оздравување, иако лекарите прогнозирале неколку недели живот поради страшниот облик рак, покрај кој имал уште 70 тумори во телото. По само две недели радикален облик на терапија, болеста која била закана за неговиот живот, ја снемало од неговото тело.

tumorОвој механичар од Болтон, во 2001 година открил дека пати од тежок облик на Хочкинов лимфом, рак кој го погодува лимфниот систем. По повеќе од една година терапија, болеста се повлекла, меѓутоа, повторно се вратила во 2008 година, и тоа во потежок облик од претходно. Лекарите сметале дека Илјан нема да се излечи и дека прашање на време е кога ќе почине. Неговата последна шанса била, радикален експериментален облик на лекување, кој на цела среќа успеал.

-Станува збор најверојатно за најипмресивниот албум од рентген снимки кои некогаш сум ги видел. Илјан навистина беше во тешка состојба- вели докторот Адам Гиб.

Лекарите сметаат дека Брукс успеал да ја победи болеста, благодарение на лекот кој се состои од видови антитела кои бараат одредени протеини надвор од ќелиите погодени со канцер, и потоа го уништуваат од внатре. Инаку, Брукс е првата личност надвор од САД која ја пробала оваа терапија.

-Во прашање е неверојатно чувство. Имав отприлика 70 т умори во телото и сега, туку така исчезнаа- вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top