Free songs
Home / алтернативна медицина / Ослободете се од забоболка за пет минути – со овој домашен лек

Ослободете се од забоболка за пет минути – со овој домашен лек

Спасот за непријатната болка во забите е каранфилчето, зачин со сладок вкус кој има бројни лековити својства. Имено, каранфилчето содржи еугенол, моќен анестетик и антисептик кој ја запира болката, а истовремено ја чисти вашата уста и може да се користи за отстранување на лошиот здив.

zabarka-520x311На три начини можете да се ослободите од забоболката со помош на карнфилче:

1. Каранфилче во прав – Прво измијте ја устата со топла солена вода. Земете еден прстофат каранфилче и ставете го на непцето од забот кој ве боли. Почекајте малку и домашниот лек за кратко ќе ја покаже својата моќ.

2. Цело каранфилче – Измијте ја устата со топла солена вода. Земете две или три каранфилчиња и ставете ги во уста, во близина на подрачјето кое ве боли и почекајте малку да омекнат. Откако ќе омекнат, лесно (колку што ви дозволува забоболката) џвакајте ги додека не ги ослободат своите лековити масла.

3. Масло од каранфилче – Ова е можеби најефикасниот начин за користење на каранфилчето против забоболката. Потребно ви е: Масло од каранфилче, стапче за уши и половина лажица маслиново масло.

Начин на употреба: Устата убаво измијте ја топла солена вода. На тој начин ќе го подготвите непцето полесно да го впие маслото. Помешајте неколку капки од маслото од каранфилче со половина лажица маслиново масло. Со стапчето нанесете го лекот на местото каде што ве боли со лесно притиснување неколку пати.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top