Home / Болести и лечење / Како да препознаете дека имате проблеми со штитната жлезда – тироидата

Како да препознаете дека имате проблеми со штитната жлезда – тироидата

Луѓето кои се нервозни се жалат дека губат на телесна тежина, иако имаат добар апетит, имаат неправилна работа на срцето, губење на косата, препотување, може да се претпостави дека станува збор за хипертироидизам, просто кажано проблеми со тироидната жлезда. Меѓу симптомите се и чести промени во очите – испакнати очни јаболчници, очи кои сјаат, вкочанет поглед, топли и испотени дланки, топла кожа.

Stitna-zlezda-1И покрај ова истите симптоми се добиваат и при голем замор, така што потребно е да забележите колку долго траат овие симптоми и дали се поради умор или можеби поради болест. Таа додаде дека , за голем број на луѓе со хипотироидизам, на почетокот може да биде отсутен симптоми, и пациенти со нарушувања кои се многу нејасни и некарактеристичен но на крајот се јавуваат класични симптоми на болеста.

За да се добие точна дијагноза треба да се направи хормонски статус на тироидната жлезда за да се види дали таа прави проблеми и да се постави дијагноза. Покрај проверка на хормоните може да се направи и ултразвучен преглед кој може да открие чвор на штитната жлезда и во тој случај треба да се направат дополнителни прегледи. Најчесто како лекови за хипертиреоза се користат лекови кои заедно со бета блокаторите ја контролираат работата на срцето и седативи кои ја смируваат нервозата.

Според лекарите до зголемување на тироидната жлезда може да дојде и со користење на храна која има поголем процент на јод. Најдобри продукти за луѓе кои го имат овој проблем се прокељ, карфиол и кељ кој содржи струмогени супстанции, сепак треба да се внимава затоа што и пречестото користење на овие во свежа состојба може да направи. Според лекарите, пациенти со хипертироидизам се препорачува зголемен внес на аминокиселини, протеини и калциум до 1200 мг. на ден. Храна која има корисен ефект кај пациенти со хипертироидизам се цели зрна , зелка, карфиол, ротквици, спанаќ, грав, зачин куркума и значајна доза на витамин Ц и омега- 3 масни киселини.

Сојата е силен стабилизатор на тироидните хормони и може да биде корисна како заштитник на жлездите кај хиперфункција, но треба да се користи во ферментирана форма, како што се соја сос, тофу.. Во последно време, се повеќе и повеќе доаѓа до израз аронијата која покрај другите нејзини својства ја регулира работата на тироидната жлезда, бидејќи содржи високи концентрат на антиоксиданси.

Исто така се препорачува внесување на поголема доза на житарици, кафеав ориз кој е богат со селен, ореви, семки од сончоглед, агруми, банани, јагоди, сливи, и зеленчук како морковот и пиперките. Кај слаба тироидна жлезда од суштинско значење е доволен внес на вода – најмалку 8-12 чаши на ден за да се зголеми метаболичкиот процес.

Сепак доколку се користи анти глутеинска исхрана по 3-6 месеци треба да се намали нивото на антитироидни антитела и затоа луѓето со автоимуна болест треба да избегнуваат житарици меѓу кои се пченица, јачмен, овес и ‘рж кои содржат глутен.

One comment

  1. Imam visok Anti-TRO.Molam da objasnite poveke {to treba da se jade,a [to ne.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top