Home / Болести и лечење / Имате Хеликобактер пилори – еве како да се храните

Имате Хеликобактер пилори – еве како да се храните

Од инфекцијата предизвикана од бактеријата хеликобактер пилори страда околу 56 отсто од светската популација.

Високите дози на витаминот Ц (аскорбинска киселина) можат да помогнат во спречување на инфекцијата со бактеријата хеликобактер пилори, пренесува Топ Пост.мк.

helikobakter-300x193Пациентите со ХП-инфекција треба да избегнуваат обилна, масна храна, чоколадо, пеперминт, алкохол, кисело и луто, бибер, како и газирани пијалаци со кофеин и не смеат да пушат. По јадење треба да се остане во исправена положба и да се избегнува движење непосредно по јадењето, како и облека која го затегнува стомакот.

Општите правила во исхраната подразбираат забрана на внесување врела, ладна и јако кисела храна. Треба да се јаде почесто и помалку и храната треба полека да се џвака и да биде добро исечкана. Не се препорачува внесување големи количини на течности одеднаш. Јадењата треба да се варени или динстани со минимална количина на маст, најдобро без запршка. Млеко во големи количини не е пожелно, бидејќи има привремено неутрализирачко дејство, по кое уште повеќе се поттикнува лачењето на желудниковата киселина. Сварено млеко со жита (овесни снегулки, ориз, гриз) поволно дејствува на слузокожата на желудникот. Се препорачуваат продукти како варен зеленчук, компоти, лeсни колачи со овошје, јадења со пилешко, риба и соја.

Во храната треба да се вклучат пробиотици, кои ги има во јогуртот, а и употребата на маслиново масло, ленени семки и масло, исто така, има позитивно дејство.

Повеќе прочитајте на –  Топ Пост.мк.

One comment

  1. Ми се допаѓа што сте навеле работи како луѓето можат да оздрават на природен начин од хелилкобактер. Има уште некои работи како кефир, јабокова киселина, млеч или мед и чаеви кои не го иритираат желудникот наведине http://healthylstyle.com И јас исто така имам имано проблем читам од различни сајтови да видам како и што пишуваат. Има доста работи кои можат да се прават кога некој има ваков проблем бидејќи навистина е тешко да се отсрани. Поздрав

Leave a Reply to Riste Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top