Home / нови лекови / Google развива детектор на ракот, срцевиот или мозочниот удар

Google развива детектор на ракот, срцевиот или мозочниот удар

Google развива детектор на ракот, срцевиот или мозочниот удар, како и на други болести, во многу пораната фаза отколку што тоа сега е возможно, пренесува во среда BBC.

20130206-pronajden-centarot-za-zlo-vo-mozokot-promenata-na-frontalniot-mozok-se-naogja-kaj-site-psihopati-1-300x195Компанијата работи врз развој на технологија преку која наночестичките, кои влегуваат во крвта на пациентот откако ќе бидат проголтани преку таблета, би ги откривале патолошките промени на клеточно и биохемиско ниво и тоа би се отчитувало преку сензор што се носи на раката како часовник.

Идејата е на тој начин да се развие систем на рано предупредување бидејќи во случај на некои тумори, како ракот на панкреас, болеста се дијагностицира дури кога веќе е неизлечива.

Научниците се обидуваат да ги искористат разликите меѓу ќелиите на ракот и здравите клетки, за да се создаде систем на препознавање на болните клетки. Амбицијата на Google е да создаде систем на постојано следење за да може во секој момент да се откријат првите знаци на тумор или други болести, овозможувајќи на тој начин поставување на дијагноза пред да се појават првите симптоми.

Истражувањето е во почетна фаза, а проектот го води истражувачкиот тим на компанијата Google X што се занимава со потенцијално револуционерни откритија, а на нејзино чело се наоѓа молекуларниот биолог Ендрју Конрад, кој претходно разви поевтин тест за ХИВ што сега масовно се применува.

„Она што се обидуваме е да ја претвориме медицината од реактивна во проактивна и превентивна“, вели Конрад за BBC.

Тој додава дека наночестичките овозможуваат да се истражи телото на молекуларно и клеточно ниво.

Наночестичките би можеле да се креираат така да се лепат врз ќелиите на туморот или врз делови на ДНК-та на туморот, или атеросклеротичните талози кои се пред одвојување од ѕидовите на крвните жили и така би се превенирале срцевите или мозочните удари, или, пак, би се воочувале биохемиските промени во крвта, како на пример зголемениот калиум.

 Со помош на програмата би се обработувале информациите за наночестичките бидејќи, на пример, се верува дека слободните честички би се движеле поинаку од оние врзани за клетките на туморот, па така би се поставиле дијагнозите.

Директорот н лондонскиот институт за истражување на ракот Пол Воркмен вели за BBC дека станува збор за фасцинантна идеја за која е невозможно сега да се каже дали ќе се оствари или ќе остане само сон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top