Home / алтернативна медицина / Едноставен трик – Како да не се прејадувате?

Едноставен трик – Како да не се прејадувате?

Потребна е голема самоконтрола за да се изедат помали порции и да се избегне прејадувањето, вклучително да се одолее на десертите кои се на дофат. Ако ништо друго не помага, обидете се со овој едноставен трик.

hranaHRANБрендон Нуген, автор и сопственик на сајтот за здрав живот “ChillPhill”, вели дека ќе ја намалиме количината на внес на храна ако јадеме со помош на раката која не ни е доминантна, пренесува Здравство24.мк.

Можеби ќе биде комплицирано така да се јаде за време на секој оброк, но доволно е да пробате барем за главниот оброк. На тој начин ќе ни биде потребно повеќе време за да го изедеме оброкот, а тоа на желудникот ќе му даде шанса да му сигнализира на мозокот дека сме сити.

Но, пред да се впуштите во овој експеримент, обидете се со некој од овие трикови за да го измамите вашиот апетит – на пример јадете од помали чинии.

После секој залак, спуштете го приборот за јадење, задолжително јадете на маса, изгасете го телевизорот и фокусирајте се на храната. Џвакајте го секој залак барем 50 пати. Чекајте 20 минути пред одлука за десерт, веднаш раскренете ги остатоците од масата за да не тргнете повторно „во напад“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top