Free songs
Home / аларм / Бактерија што и ден денес постои покоси една цивилизација

Бактерија што и ден денес постои покоси една цивилизација

Научниците веруваат дека ја откриле причината за епидемијата што усмрти 17 милиони луѓе. ДНК анализата на заби од 10 тела од гробницата во Оахаки, Мексико покажа дека двете големи епидемии помеѓу Ацтеките во 16 век биле предизвикани од инфекција со салмонела.

Молекуларниот палеопатолог Кристен Бос од Институтот Макс Планк истакнува дека телата од гробницата потекнуваат од времето на првата епидемија, која се случи во периодот од 1545 до 1550 година.

Тоа е единствена гробница што може да се поврзи со епидемијата.

Со новиот компјутерски алгоритам овозоможена е анализа и на исклучително мали делови од ДНК, со што е можно да се идентификува видот на бактерија. Епидемијата била предизвика од Salmonella enterica Paratyphi C, која предизвикува ентеричка треска, вклучително и акутна дијареја и дехидрација на организмот.

Но, се уште не е познато како Ацтеките дошле во контакт со бактеријата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top